Во моментов ги правиме завршните подготовки и анализи пред поднесувањето на понудата кон ЕВН Хоум, а веќе имаме одредени симулации кои ги доставивме до Владата како сопственик на АД ЕСМ.
Во ова издание објавуваме: – Во РЕК „Битола“ се трошеле пари за ископ, но не за да има, туку за потешко да се доаѓа до јаглен, обвинуваат од новото раководство на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ); директорот на производство во ЕСМ, Зоран Коњановски, вели дека станува збор за „смислен лукративен проект за уништување на компанијата, а притоа добро испланиран проект за увоз на јаглен“; – Кочани забрани депонирање отпад од соседните општини и создаде проблем кај нив – слика од терен; – И децата во градинките и училиштата дишат загаден воздух – покажаа едногодишните мерења на тимот експерти од Универзитетот „Гоце Делчев“ во пет поголеми града во земјава; – Дали Борисов, Петков и и Трифонов може да формираат редовна политичка влада во Бугарија; „Тоа можеби е единствената возможна варијанта“, вели Прван Симеонов, директор на „Галуп интернешнл“ во Софија; – „Саботажа“.