1 (6) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 14-Mar 11:40 -> 14-Mar 12:20
.
.
.

Погребално претпријатие од Берово откопувало стари гробови и ги фрлало остатоците од починатите лица на друга локација

  • Погребално претпријатие од Берово откопувало гробови, а човечките остатоци ги фрлало на буниште

СВР Штип информира дека погребално друштво од Берово откопувало стари гробови и ги фрлало остатоците од починатите лица на друга локација.

Невообиечана пријава стигнала завчера до полицијата во Берово, која открива морбиден начин на третирање на гробовите и човечките остатоци.

2 (4) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Mar 12:19 -> 14-Mar 12:24
.
.
.

Сите го правиме овој прекршок: Сообраќајните полицајци вчера напишале над 800 казни

  • Пребрзо возеле 180 возачи, 67 без возачка дозвола

Како резултат на вчерашните сообраќајни контроли што ги спроведоа полициски службеници на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, од вкупно 807 издадените прекршочни платни налози, 172 се однесуваат на прекршоците поврзани со безбедносните норми – неносење на сигурносен појас и зборување на мобилен телефон.

Како резултат на вчерашните (13.03.) сообраќајни контроли што ги спроведоа полициски службеници на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, од вкупно 807 издадените прекршочни платни налози, 172 се однесуваат на прекршоците поврзани со безбедносните норми – неносење на сигурносен појас и зборување на мобилен телефон.

3 (8) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Mar 11:39 -> 14-Mar 12:26
.
.
.
.

Домашни и странски експерти на подготвителна седница на Уставен за Законот за јазиците

  • Експерти од земјава и странство на подготвителната седница на Уставен за Законот за јазиците, ќе се дискутира за шест спорни правни прашања

Претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, на денешниот брифинг со новинарите информираше дека на 20 март во Уставниот суд ќе се одржи подготвителната седница за Законот за јазиците, на која ќе учествуваат повеќе експерти, вклучувајќи претставници од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Венецијанската комисија и професори од правните факултети во државава.

На 20 март во Уставниот суд на Република Северна Македонија ќе се одржи подготвителната седница за Законот за јазиците, на која ќе учествуваат повеќе експерти, вклучувајќи претставници од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Венецијанската комисија и професори од правните факултети во државава.

5 (23) ■ вести > свет > регион ■ 13-Mar 09:21 -> 14-Mar 12:34
.
.
.
.

Српскиот парламент затворен од безбедносни причини поради утрешниот протест во Белград

  • Американската амбасада во Белград издаде безбедносно предупредување во врска со утрешниот протест

  • Студентите порачаа: Србија се разбуди, 15-ти март не е крај на протестите!

Српскиот парламент денеска соопшти дека од безбедносни причини зградите на Народното собрание ќе бидат затворени од денеска до понеделник со цел да направат се што е во нивна моќ најавениот митинг за утре (15 март) да помине без инциденти.

Амбасадата на САД во Белград издаде безбедносно предупредување за американските граѓани во врска со утрешниот протест на кој може да се соберат стотици илјади луѓе во Белград и ги повика да избегнуваат толпи и места за масовни собири, пренесе Н1. „Во Белград се очекуваат големи протестни акции со вкупен број учесници кој може да достигне стотици илјади.

Студентите во Србија објавија соопштение на социјалните мрежи пред големиот протест во сабота.

8 (15) ■ вести > свет ■ 14-Mar 07:14 -> 14-Mar 10:45
.
.
.
.

Повредени 12 лица откако авион се запали при слетување на аеродромот во Денвер

  • (ВИДЕО) Се запали мотор од авион на аеродром во Денвер, патниците евакуирани преку едното крило

Дванаесет лица беа полесно повредени кога авион на Американ ерлајнс слета на меѓународниот аеродром во Денвер, Колорадо, и се запали, предизвикувајќи активирање на гумени тобогани за патниците да можат брзо да се евакуираат.

Од авиокомпанијата потврдиле дека сите 172 патници и шестте членови на екипажот безбедно го напуштиле авионот Десетици патници биле принудени да се евакуираат преку крило на авион на „Американ ерлајнс“ на меѓународниот аеродром во Денвер откако еден од неговите мотори се запалил, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Авиокомпанијата потврди дека сите 172 патници и шестте членови на екипажот безбедно го напуштиле авионот.

12 (4) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Mar 11:04 -> 14-Mar 12:24
.
.
.
.

СЛУЧАЈ КАНЦЕРОГЕН МАЗУТ: Пуцко петрол снабдувал градинки, училишта и болници, најголем скок имал во време на Заев и Филипче

  • Стојаноски: Пуцко петрол успевал за една година да го зголеми приходот за 40 проценти, благодарение на СДС и ДУИ

Откако пред некој ден син на пратеник од ДУИ, сопственик на Пуцко петрол како мерка доби домашен притвор за случај во којшто се сомничи за криминал тежок за 167 милиони евра за набавка на канцероген мазут за ТЕЦ Неготино, јавноста има право да знае дека стекнувањето, поточно зголемувањето на имотот на сопственикот на Пуцко петрол се случува благодарение на СДС и ДУИ, истакна денеска Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако пред некој ден син на пратеник од ДУИ, сопственик на Пуцко петрол како мерка доби домашен притвор за случај во којшто се сомничи за криминал тежок за 167 милиони евра за набавка на канцероген мазут за ТЕЦ Неготино, јавноста има право да знае дека стекнувањето, поточно зголемувањето на имотот на сопственикот на Пуцко петрол се случува благодарение на СДС и ДУИ, рече на денешната прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

13 (5) ■ вести > свет > регион ■ 14-Mar 10:42 -> 14-Mar 11:55
.
.
.
.

Мицотакис направи реконструкција на Владата, Герапетритис останува шеф на дипломатијата

  • МИЦОТАКИС ГО СКОЦКА НОВИОТ ВЛАДИН СОСТАВ Герапетритис и Дендиас си ги задржаа функциите

Промени во неколку Министерства меѓу кои и оние за национална економија и финансии, за инфраструктура и транспорт, за енергетика, за миграција итн, направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека пак Јоргос Герапетритис и Никос Дендиас се меѓу министрите кои останаа на нивните позиции, односно во Министерствата за надворешни работи и за национална одбрана, јави дописничката на МИА од Атина.

Промени во неколку Министерства меѓу кои и оние за национална економија и финансии, за инфраструктура и транспорт, за енергетика, за миграција итн, направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека пак Јоргос Герапетритис и Никос Дендиас се меѓу министрите кои останаа на нивните позиции, односно во Министерствата за надворешни работи и за национална одбрана, јави дописничката на МИА од Атина.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија