Kurir
Криминалната група за да биде единствена која продава на преполните плажи, користела методи и практики на уцени, односно во најмалку седум случаи употребиле закани по живот, нанесувале телесни повреди и употребиле огнено оружје против други продавачи на крофни, како и кон сопственици на угостителски објекти на плажите, а дополнително принудувале странски државјани да продаваат крофни со минимална заработка.
Поконкретно, како што пишуваат медиумите, мафијата со локумадес, принудувала странските државјани да продаваат 500-600 крофни дневно по цена од две евра, набавниот износ бил половина евро, исто толку добивал и продавачот, а криминалните групи имале дневен профит од 500-600 евра. Kurir