По полноќ во Белград, полицијата изврши насилна интервенција врз студентски и граѓански блокади, при што, според сведоштва и видеоснимки, употребила прекумерна сила, апсејќи и тепајќи демонстранти на повеќе локации низ градот, објавува Н1. Првиот полициски напад се случил пред Правниот факултет, каде што студентите седеле пред влезот.
Српската жандармерија доцна синоќа употреби физичка сила врз студенти пред Правниот факултет во Белград, по што според студентски тврдења, привела четириесетина студенти како и професорка.
Граѓанските блокади продолжија и денес во Белград.