Генерално, постои забележителен недостиг од свест за малцинските права како составен дел од човековите права.
Немаше напори да се применат голем број долгогодишни препораки во врска со прашања како што се принципот на слободна самоидентификација, поддршка за унапредување и заштита на правата на малцинствата, вклучително и на јазичните права, како и на неопходноста да се обезбеди целосна еднаквост на сите што живеат во Бугарија…“. Значи, и Советодавниот комитет на Советот на Европа констатира дека Бугарија е многу енергична кога бара почитување на националните права на бугарските малцинства во други држави, додека, пак, на својата територија таквата своја обврска кон националните малцинства ја изигрува. Novamakedonija