Македонија, која ги преживеа балканските војни од 90-тите години на минатиот век без масовно насилство и во која живеат различни луѓе и различни етнички и религиски групи кои успеа да изградат мирно општество, некогаш беше предводник во регионот, кога пред 20 години заедно со Словенија го започнаа пристапниот процес кон ЕУ, изјави вечерва австрискиот европратеник Томас Вајц во обраќањето пред Европскиот парламент во текот на дебата за Неговиот извештај за земјава за 2023 и 2024 година. Frontline
Уставни измени што вклучуваат и други малцинства во Уставот, меѓу кои и бугарското, рече Вајц.
Тој потенцира дека во документот се говори и за економската состојба, која, како што рече, има позитивни страни, но и недостатоци, како и за недоволното искористување на поддршката што доаѓа од Европската Унија, во услови кога за земјата е многу важно да инвестира во стручни кадри и да ги задржи оние кои покажаа дека умеат. Novamakedonija
Денес, кога ние Европејците сфаќаме оти треба сами да ја браниме нашата судбина и дека ние Европејците треба да стоиме заедно во светлината на она што се случува глобално, мислам дека треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес на Северна Македонија, рече австрискиот европратеникВајц нагласи дека Извештајот дава целосна слика за тоа каде се наоѓа земјата и во него се поздравуваат некои достигнување, но се бараат и реформи, и се зборува за говорот на омраза, за злосторствата од омраза, за потребата од владеење на правото, борба против корупцијата и не само за усвојување на закони, туку и за резултати што ќе ги почувствуваат граѓаните.– Во извештајот многу се зборува за уставните измени, што се бараат за да може да започнат пристапните преговори.
Уставни измени што вклучуваат и други малцинства во Уставот, меѓу кои и бугарското, рече Вајц. Puls24
Тој истакна дека граѓанското општество во земјава има услови за работа, но дека е видливо и странско влијание против кое мора да се бори, без разлика дали е тоа руско, кинеско, саудиско, српско или од каде и да е, бидејќи луѓето треба сами да одлучат за својата судбина.
Во тој, контекст, според него во документот се говори и за медиумите, за потребата од транспарентност во сопственоста на медиумите, како за потенцијалот што го има земјата. A1on