Vecer
Тоа, од патриотски и интелектуални причини, не смееме да го премолчиме, напиша на својот фејсбук-профил поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.„Овој настап не е спорадична и ретка реторичка или политичка екскурзија, туку е дел од долгогодишни државни стратегии на двете наши мили братски православни сосетки кои систематски произведуваат ‘научни’ трудови, правни акти и дипломатски притисоци чија крајна цел е сведување на македонскиот национален субјективитет на фолклорна географска аномалија.
Да повториме сосема гласно, не заради нас, туку заради изгубените вредности кај нашите соседи:– прво, македонски народ постои;– второ, македонски јазик постои;– трето, тие имаат свој временски и географски континиум кои се подолги и поназад од последните сто години и се пошироки и поголеми од географските граници на модерната македонска држава;– четврто, македонско малцинство постои и во Бугарија и во Грција;– петто, на македонските малцинства во Бугарија и Грција, земји членки на човекољубивата ЕУ, не само што не им се признаваат основните човекови права, туку и им се забранети.Самоприпишувањето како Македонец е jus naturale што ниту една демократска држава нема право да го суспендира. Vecer