Соопштение на Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи: „Денес на владина седница беше усвоена Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028 По инклузивен, транспарентен и длабоко консултативен процес со граѓанското општество, државните институции и нашите меѓународни партнери, денес Владата го усвои стратешкиот документ кој ќе ги води државните политики за зајакнување на граѓанскиот сектор во наредните четири години. Kurir
„Сега започнува спроведувањето на Стратегијата и Акцискиот план, со посебен акцент на изградба на ефикасни механизми за мониторинг и евалуација, преку подготовка на пасоши на индикатори во тесна соработка со граѓанските организации.
Оваа стратегија не е само формален документ – таа е конкретна заложба за зајакнување на улогата на граѓанското општество во демократскиот живот на нашата земја. Radiomof