Со голема духовна и заедничка радост, во село Подгорци свечено беше одбележана 100-годишнината од изградбата и осветувањето на црквата „Свети Јован Владимир“, еден од најзначајните храмови во струшкиот крај, кој цели еден век претставува духовен дом, културно средиште и симбол на истрајноста на православната вера во овој крај.
По повод празникот на Свети Јован Владимир, во храмот беше отслужена Света Божествена Литургија и водосвет, на која присуствуваа голем број верници од Подгорци, Струга и поширокиот регион.