Аферата „Провизиите кои чинат животи“, го разобличи и го покажа вистинскиот Венко Филипче, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче лично ја направил спецификацијата за изградба на модуларната болница во Тетово, која поради лошите материјали кои биле вградени, а планирани од Филипче, изгоре како кутивче кибрит, а со себе однесе и 14 животи.
Најголемата одговорност за криминалните модуларните болници, кои биле набавени како стоки со лош квалитет и леснозапалив материјал, со кредит од Светска банка е единствено кај Венко Филипче.
„Аферата „Провизиите кои чинат животи“, го разобличи и го покажа вистинскиот Венко Филипче“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава: Јавноста можеше да види како на Филипче како министер за здравство, профитот и провизиите му биле на прво место, наместо безбедноста и здравјето на пациентите и на граѓаните, воопшто.