Како што информираат од собраниската прес-служба, настанот ќе го модерира пратеникот на „Левица“ Амар Мециновиќ, а ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши, претставничката на Координативното тело за одбележување на 30-годишницата од Сребреница, Селма Ризвановиќ Мандал, претставникот на Бошњачкиот Национален Сојуз, Џевад Хот и Муамер Џанановиќ, директор на Институтот за истражување на злочинот Сарајево.