Канцеларијата на Европската унија во Косово реагираше на односот кон Уставниот суд на Косово од страна на премиерот Албин Курти, кој минатата недела изјави дека Судот со доцнењето во постапувањето со законите и нивното уривање „ги блокира позитивните и прогресивни реформи“ на неговата Влада, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во изјава за телевизијата РТВ21, Мисијата на ЕУ во Приштина нагласува дека „Уставниот суд има фундаментална улога да обезбеди владеење на Уставот и да ги заштити основните права и принципи во него“ и дека „независноста на судството е камен-темелник на владеењето на правото и суштински критериум за секое демократско општество“. Republika