Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од денешното недолично, безобразно и срамно однесување во Собранието, на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, напиша на неговиот фејсбук профил Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ. A1on
Инцидентот започна кога пратеникот Реџеп Исмаил од Левица постави пратеничко прашање до премиерот Христијан Мицкоски, иако тоа претходно не било најавено писмено, како што налага Деловникот.
На ова процедурално реагираше Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека се изигруваат правилата. Republika
На собраниската седница за пратенички прашања за малку не дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
За да спречи ескалација на вербалниот инцидент, претседателот на Собранието, Африм Гаши, повика обезбедување и прогласи 10-минутна пауза. Denesen
Но барем, очекувам да се покае и извини до сите жени, мајки, сестри, сопруги и девојки кои денеска тој, индиректно најбрутално ги навреди и понижи.
На крајот би упатил порака со надеж и желба, овој срам никогаш да не се повтори!, напиша на фејсбук Никола Мицевски. Kanal5
Неконтролираниот излив на физички и вербален бес и навреди на лицето Димитар Апасиев кон колегите пратеници, мажи и жени, беше само уште еден очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание и „лајкови“ на социјалните мрежи, напиша во фејсбук статус, Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Единственото добро што може да произлезе од ова ниско, скандалозно и срамно однесување на Димитар Апасиев е тоа што целата македонска јавност, во живо на собранискиот канал, имаше можност да види и да се увери во вистинското лице на Д. Апасиев и начинот на кој што нивната „фејсбук“ партија делува, размислува и се однесува. Denesen
Инцидентот настана кога пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, од собраниската говорница едно од пратеничките прашања му го постави на премиерот Христијан Мицкоски, иако во писмото до собранискиот спикер најавил дека прашања ќе поставува едиствено до министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Прашањето што му го постави на премерот беше – со што ексминистерката за одбрана Радмила Шекеринска ја заслужила поддршката на Владата и на претседателката на државата да биде во висока позиција во НАТО. 360stepeni
Инцидент во Собрание меѓу лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Вербалниот конфликт беше меѓу координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и Апасиев кој од своето пратеничко место му дофрлаше на Мицевски кој беше на собраниската говорница. Skopjeinfo
Денес во Собранието за малку беше избегната тепачка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев и неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Civilmedia
Очигледно, комплексите, нервозата и агресијата, домашното невоспитание и недостигот на основна култура, денес ја доживеаја својата кулминација.
Неконтролираниот излив на физички и вербален бес и навреди на лицето Димитар Апасиев кон колегите пратеници, мажи и жени, беше само уште еден очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание и „лајкови“ на социјалните мрежи“ напиша Мицевски на Фејсбук. Fokus
Гаши потврди дека во писмото испратено до него пишува оти пратеникот Реџеп Исмаил ќе постави прашање до министерот за надворешни работи, но повика на толеранција зашто, како што рече, ваков тип седница се одржува по првпат и поради укажувањата од Левица оти се работи за техничка грешка, ќе се дозволи прашањето да му биде поставено на премиерот Мицкоски.
Следуваа процедурални излагања на координаторот на Левица, Борислав Крмов, и на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кои ги толкуваа одредбите од Деловникот во врска со новиот тип седници за пратенички прашања. Novamakedonija
Претседателот на Собранието,Африм Гаши, по ова реши да прогласи пауза од 10 минути.
Инцидентот настана по вербален дуел помеѓу пратениците на Левица и ВМРО-ДПМНЕ. Faktor
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев на денешната собраниска седница најпрвин влезе во вербална расправија со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, а потоа фрли и слушалки накај него и се обиде физички да се пресмета. Libertas
Апасиев извикуваше до Јованчев да не му се повтори да го споменува неговото семејство.
Интервенираше и собраниското обезбедување на повик на собранискиот спикер. Kajgana
По инцидентот кој денеска се случи во Собранието, од Левица порачаа дека не се плашат.
Велат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ провоцираат. Faktor