Албин Курти поднесе оставка од премиерската функција, која ја соопшти во писмо испратено до Секретаријатот на косовското Собрание.
Според законот, оние кои добиваат мандат како пратеници, а се и дел од косовската влада, извршувајќи извршна функција како што се: премиер, вицепремиер, министер или заменик министер, мора да поднесат оставка од својата извршна функција.