Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманската расправа по ребалансот на Буџетот.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција најави дека СДСМ и коалицијата ќе ги повлечат сите преостанати амандмани на предложениот ребаланс на буџетот и ќе поднесат два нови – целосно насочени кон справување со последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тековните пожари низ државата.
Координатрот на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата, го повика претседателот на Собранието, Африм Гаши, да свика итна координативна седница за справување со пожарите.
Седницата за опозициски прашања во Собранието попладнево е повторно прекината со еден час пауза, овојпат на барање на координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, кој побара во законодавниот дом да дојде претседателот Африм Гаши и да се свика ад хок координација за состојбата со пожарите.