Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, изјави дека не се сомнева дека ќе се утврди политичка одговорност за трагедијата на Железничката станица во Нови Сад и истакна дека власта во последните десет години никогаш не бегала од одговорноста и оти претставниците на опозицијата уште еднаш покажаа дека не ги интересира човечката трагедија, туку како да дојадат на власт, јави дописникот на МИА од Белград.
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јасно кажал дека очекува политичка и кривична одговорност за трагедијата во Нови Сад во која загинаа 14 лица, и повтори дека никој „нема да биде заштитен“.