Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и додаде дека не се сомнева оти министерот не е субјективно виновен за тоа што се случи во Нови Сад. Plusinfo
„Не можам да ја прифатам вината за смртта на 14 лица, бидејќи ниту јас, ниту луѓето што работат со мене не носиме ниту трошка одговорност за трагедијата што се случи.
Сигурен сум дека тоа ќе ја потврди и истрагата. 360stepeni
Вучевиќ за Радио телевизија на Србија изјави дека одлуката на Горан Весиќ е чин на сериозен човек, кој е свесен дека кога извршува важна функција го има и товарот на одговорност.
Не се сомневам дека Горан Весиќ субјективно не е виновен за ништо што се случи на 1 ноември во Нови Сад, рече Вучевиќ и додаде дека Весиќ е објективно одговорен бидејќи тој раководи со тој оддел. Republika
Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре ќе поднесе оставка поради несреќата во Нови Сад, кога во уривањето на настрешницата на железничката станица загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.
Весиќ рече дека не ја прифаќа вината за несреќата што се случи, туку дека се повлекува како одговорен човек. Kajgana