Косовската полиција соопшти дека нападот бил извршен на три улици во Урошевац, а жртвите биле случајни минувачи, додека Единицата за брз одговор успеала кратко по инцидентот да го пронајде осомничениот Е.С. (59). „На 11.11.2024 година околу 15.40 часот, известени сме дека возрасно лице на улиците: „Енвер Топали“, „Халим Спахија“ и „Ејуп Статовци“ во сè уште неразјаснети околности им нанел тешки телесни повреди (убоди со нож) на 4 случајни минувачи, две девојки на возраст под 18 години и двајца мажи (возрасни од 29 и 32 години). Повредените биле испратени во Ургентниот центар во Урошевац за укажување лекарска помош, а потоа на понатамошна лекарска помош две лица се испратени во Клиничкиот центар – Приштина, додека други две останале на лекување во Урошевац“, изјави портпаролот на полицијата, Канун Весели. Nezavisen