За мојата одговорност ќе се разговара во Парламентот и подготвен сум за тоа, изјави денеска српскиот премиер Милош Вучевиќ, наведувајќи дека опозицијата има право да бара импичмент на власта по несреќата во Нови Сад, но дека „мора да бидат свесни дека состојбата на настрешницата на железничката станица не е политичко прашање, тоа е прашање на експерти од струката“.
Премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ денеска изјави дека до крајот на неделата се очекуваат вести за нови оставки поради несреќата во Нови Сад и го повика надлежното обвинителство да соопшти до каде е истрагата.