Министерот за јавна администрација Горан Минчев учествувал и се обратил на регионалниот состанок посветен на Партнерството за отворена власт (ПОВ), што се одржува во Тирана, Албанија, во организација на Партнерството за отворена власт и Владата на Република Албанија, во соработка со Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА). Како што денеска соопштија од Министерството за јавна администрација, во своето излагање Минчев ги истакнал нашите ридобивки, како членка на иницијативата за Партнерството за отворена власт од 2011 година, значително придонесе за промовирање на транспарентноста, отчетноста и граѓанското учество во јавните политики.
Министерот за јавна администрација Горан Минчев, оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и антикорупција на Република Албанија, Адеа Пирдени, во Тирана.