Сега веќе поранешниот хрватски министер за здравство, Вили Берош, ноќта ја мина зад решетки, па се очекува по вчерашното распит во просториите на УСКОК (Канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал) денеска да се одржи судско рочиште.
Хрватските медиуми јавија утрово дека е уапсен министерот за здравство Вили Берош, по што премиерот Андреј Пленковиќ свикал средба со коалициските партнери.
Припадници на хрватската Национална полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал утрово организираа голема акција во која упаднаа и во домот на актуелниот министер за здравство Вили Берош.
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ го разреши актуелниот министер за здравство Вили Берош, соопштија од хрватската Влада.