Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при падот на настрешницата на железничката станица загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени. Sitel
Дваесет и четиригодишната Ања Радоњиќ, која почина во Клиничкиот центар во Војводина е петнаесеттата жртва во несреќата во Нови Сад.
Доктор Драган Николиќ, управител на Ургентниот центар КЦВ, во средата изјави дека лекарите постигнале напредок во лекувањето на двете тешко повредени лица, кои беа извлечени од урнатините на Железничката станица во Нови Сад, пренесува РТС. 360stepeni
Во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад претходно беа сослушани 66 лица, а распит чекаат уште пет лица.
При падот на настрешницата загинаа 14 лица, додека тројца се тешко повредени. Sitel