Јелена Танасковиќ, в. д. директорка на Железничката инфраструктура на Србија, поднесе оставка поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад во која загинаа 15 лица, а уште две беа тешко повредени, јави дописникот на МИА од Белград. Republika
Генерациите што доаѓаат ќе зборуваат и ќе се гордеат со сето она што е постигнато за нашата земја“, Јелена Танасковиќ беше на чело на „Железничка инфраструктура на Србија“ од мај 2024 година.
Во претходниот мандат на Владата на Србија таа беше на функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. 360stepeni
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера изјави дека поради трагедијата во Нови Сад очекува оставки во Владата и на други места и мерки од обвинителството што е можно поскоро.
На 5 ноември, четири дена по падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, оставка поднесе и поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ. Plusinfo
Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија во Владата на Србија, поднесе оставка. Libertas