Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при падот на настрешницата на железничката станица загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад кога падна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.
Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во оставка, Горан Весиќ, денеска изјави дека не е уапсен, туку дека, како што кажа, „доброволно се одзвал на повикот на полицијата“, јави дописникот на МИА од Белград.