Српската опозиција денеска објави дека нема да учествува во работата на седницата на Парламентот каде треба да се гласа за предлог буџетот за 2025 година.
Седницата на Собранието на Србија, по бројните инциденти и прекини поради физичката пресметка меѓу претставниците на власта и опозицијата, заврши нешто пред 15 часот, бидејќи без дискусија и за само неколку минути беше ставен на гласање дневниот ред на седницата, кој што откако беше усвоен, расправата заврши.