Во друг случај, исто така преку телефонски повици се претставувале како вработени во сметководствена канцеларија со која соработуваат потенцијалните жртви, сопственици или вработени во трафики и мини-маркети и под изговор дека треба да го надградат системот на касите, ги убедувале да вадат припејд картички и да им ги даваат шифрите.
Паралелно, граѓани мамеле и со објавување лажни огласи на интернет за продажба на автомобили и земјоделски машини, по многу ниски и примамливи цени, со цел да се привлече интересот на голем број потенцијални купувачи, од кои барале капар за да се постигне договор. Biznisvesti
Како што соопштија од грчката полиција, криминалната организација дејствувала на различни начини со неколку методологии, „со прикажување на лажни факти како вистинити, но и со користење на лажни информации за идентитетот“ за да ги измамат граѓаните.
Грчката полиција разби криминална организација со 37 члена, кои имале професионална инфраструктура и оперативни и телефонски центри во различни делови на Грција и изнудувале пари од граѓани и преку телефонски измами и убедувајќи ги да уплатат пари на банкарски сметки, а во откриените 656 случаи се стекнале со финансиска корист од 2.955.804 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Kanal5