Поради поплава во еден од тунелите кај месноста Темпи, железничкиот сообраќај меѓу Атина и Солун се одвива само до Лариса од каде што патниците се пренесуваат со автобуси до Солун и обратно.
Противпожарната служба на Грција од саботата претпладне до утрово во шест часот примила 3.024 повици за помош, од кои повеќе од половина, односно 1.660 биле во северниот дел на Грција, 1.200 на Родос, а останатите на островите Лимнос и Хиос и во североисточниот дел на земјата. Plusinfo