Земјите членки на НАТО договорија збир на проактивни мерки за спротивставување на непријателските и кибер активностите на Русија, соопшти генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте на прес-конференцијата по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Пактот во Брисел.
Одвојувањето за трошоци за одбраната од два отсто од националните БДП не е доволно и земјите членки на НАТО ќе мора да издвојуваат повеќе средства за зајакнување на своите одбранбени капацитети, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте на прес-конференција пред почетокот на дводневниот состанок на шефовите на дипломатиите на Пактот, на кој учествува и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Мораме да и пружиме доволно помош на Украина за да го смени правецот на конфликтот, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на прес-конференција по дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на алијансата во седиштето на организацијата во Брисел.