Почнувајќи од Кирјакос Мицотакис до сите нас кои сме инволвирани во конкретната тема, немаше да работиме со ваква посветеност, методичност доколку навистина не верувавме дека скулптурите ќе се вратат, истакна министерката за култура на Грција Лина Мендони во интервјуто за телевизијата ЕРТ говорејќи за Мермерите од Партенон, кои се наоѓаат во британскиот музеј, јави дописничката на МИА од Атина.
Британската влада пред посетата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Лондон најави дека нема да го промени ставот за сопственоста на скулптури од Партенон.