Студенти од Белград и Нови Сад денес блокираа неколку факултети и Ректоратот, барајќи објавување на документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад и откривање на одговорните за нападот врз студентите, јави дописникот на МИА од Белград. Netpress
По вчерашната блокада на Филозофскиот факултет во Нови Сад, Ректоратот на Белградскиот универзитет, на Филозофскиот, Филолошкиот факултет, Факултетот за драмски уметности и Природно-математичкиот факултет во Белград, денес на блокадите им се приклучија и студентите од Архитектонскиот факултет, Факултетот за физичка хемија и Факултетот за политички науки, јави дописникот на МИА од Белград. Civilmedia
Студентите бараат итно ослободување на сите граѓани кои беа приведени за време на ненасилните протести, како и повлекување на неоснованите пријави.
Во борбата за исполнување на овие барања, денеска го блокираме Ректоратот, како и Филолошкиот, Филозофскиот и Природно-математичкиот факултет. Kanal5
МАСА ги поддржува и сите други студенти од факултетите во Србија и ги повикува да ја покажат својата слободарска и благородна свест и „колегијално да го поддржат пламенот на студентскиот отпор, пламенот што неуморно се шири и покрај наместените студентски избори за Студентски парламенти“.
„Борба против корупцијата, за образование“, е пораката на транспарентот закачен на влезот на зградата на Филолошкиот факултет во Белград. Biznisvesti