Министрите за надворешни и европски прашања на Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија, собрани во групата Пријатели на Западен Балкан, испратија заедничко писмо до шефицата на европската дипломатија Каја Калас и до комесарката за проширување Марта Кос, во кое порачуваат дека е време за решителен напредок во интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и презентираат конкретни чекори за поддршка на регионот на неговиот пат кон ЕУ. Во писмото до Калас и Кос, Пријателите на Западен Балкан наведуваат дека „со агресивната војна на Русија против Украина и другите безбедносни предизвици за нашиот континент, политиката на проширување, една од најефикасните геополитички алатки на ЕУ, доби нова и моќен поттик“, пренесува РТС.