Светската организација за човекови права Амнести интернешенел објави извештај со наслов „Дигитален затвор: Надзор и репресија на граѓанското општество во Србија“ кој открива како властите во Србија, преку Безбедносно информативната агенција (БИА) и полицијата, незаконски шпионирале мобилни телефони на активисти кои организирале протести, членови на невладини организации и независни новинари, пренесоа српските медиуми. Civilmedia
„Властите во Србија ги користат тие алатки систематски против мирните демонстранти кои веќе премногу често се предмет на неоправдана криминализација поради нивниот активизам.
Оваа незаконска практика на дигитален надзор и собирање податоци насочена против граѓанското општество го прекршува човековото право на приватност и заштитата на личните податоци и длабоко влијае на другите права и слободи, вклучително и правата на слобода на изразување, здружување и мирно собирање“. Libertas
Наодите ја откриваат распространетата и рутинска употреба на инвазивен шпионски софтвер, вклучувајќи го и шпионскиот софтвер Pegasus на NSO Group, заедно со новиот домашен шпионски систем за уреди со Android, NoviSpy, кој првпат беше откриен во овој извештај.
Тие, исто така, ја забележуваат широката злоупотреба на мобилната форензичка алатка UFED на Cellebrite против еколошки активисти и водачи на протести во Србија. Civilmedia