Овие средства ќе бидат искористени за еврообврзницата која доспева на почетокот на следната година.
По скратена постапка со 68 гласа „за“ и еден против беше донесен и Предлог-законот за гаранција на Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за Програмата за обновлива енергија ЕСМ – Компонента II: ФЕ Битола 2 и Компонента III: Ветерен парк Богданци – фаза 2, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КФВ и АД за производство на електрична енергија ЕСМ, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка. Libertas
Владата имајќи го позитивното искуство од соработката со Унгарија во однос на поволните финансиски услови при обезбедување на првиот заем за буџетско финансирање и финансирање општи цели, пристапи кон обезбедување на вториот заем во износ од 500 милиони евра.
Унгарската Експорт-импорт банка изрази подготвеност за доделување на вториот заем и во преговори со истата усогласен е текстот на договорот за заем кој е даден во прилог на овој педлог-закон, изјави заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски. Netpress