Лидерот на српската Партија на слободата и правдата, Драган Ѓилас, е во болница откако беше претепан од повеќе припадници на српската владеачка партија СНС, на улиците на Белград каде тепачите лепеле плакати на кои Ѓилас е наречен “лопов”.
Лидерот на српската опозициска Партија на слободата и правдата и пратеник во парламентот на земјата, Драган Ѓилас доцна синоќа е нападнат од група мпади момчиња кои лепеле плакати против него на фасади од згради во Белград, пренесува Н1. Во инцидентот, исто така, е нападнат и повреден функционерот на партијата Ѓорѓе Алексиќ, кој по нападот заедно со Ѓилас заминале во белградскиот Ургетниот центар на лекарски преглади во кои им се констатирани повреди.