Fokus
Првата причина е што се обидуваат да завршат сè за Косово како што е можно порано, и тие гледаат дека додека сум јас претседател и додека е оваа влада, по никоја цена нема да ја признаеме независноста на „Косово“, им порача Вучиќ на младите на форумот „Иднина, не минатото“, во организација на Српската напредна странка.
Тој објасни дека на моќните луѓе во светот тоа не им треба затоа што ги сакаат Албанците и ги мразат Србите, туку затоа што, како што наведе, рускиот претседател Владимир Путин, за да не може да се повика на т.н. „Косовски преседан“ кога се зборува за регионите Керсон, Запорожје, Доњецк, Луганск и Крим. Fokus