Ахмет Бозкурт, сопственикот на хотелот „Исијас Гранд“ и архитектот Ердем Џилмаз, се осудени на 18 години и пет месеци затвор, јави Би-Би-Си. Синот на Бозкурт, Мехмет Фатих, е осуден на 17 години и четири месеци, стои во соопштението.
Судот во Турција денеска ги осуди на 18 години и пет месеци затвор сопственикот и архитектот на хотелот „Исијас Гранд“, кој се урна во земјотресот во 2023 година, кога загинаа 72 лица.