Денеска во Клиничкиот центар во Подгорица почина Дејан Кокотовиќ од Цетиње како последица од тешките повреди со кои се здоби на 1 јануари годинава во меаната „Велестово“ во центарот на тој град. Sitel
Кокотовиќ бил ранет во стомакот, градниот кош и главата во нападот, поради што истата вечер бил опериран во Клиничкиот центар.
На 1 јануари, по крвавиот масакр во Цетиње во кој Ацо Мартиновиќ уби 12 лица, меѓу кои и две деца, Кокотовиќ беше примен во Клиничкиот центар каде лекарите се бореа за неговиот живот. Fokus