Човечкиот метапневмовирус (ХМПВ) не е нов вирус за нашата земја и случајот, дури и да се потврди, нема да биде „прв случај“ во земјава.
Во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус ХМПВ, како што објавија медиумите, кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран, додека пак според грчките епидемиолози и министерот за здравство, нема простор за паника, бидејќи како што објаснуваат, станува збор за вирус познат над 20 години, јави дописничката на МИА од Атина.