Ден по поразот на Драган Приморац во вториот круг од претседателските избори, се состана претседателството на ХДЗ и, како што најави лидерот на партијата и премиер Андреј Пленковиќ, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Зоран Милановиќ,новиот/стар претседател на државата.
На повеќе од 6.500 избирачки места во Хрватска денеска во 7 часот почна гласањето во вториот круг од претседателските избори на кои учествуваат досегашниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац, поддржан од владејачката ХДЗ, Татковинското движење и неколку помали партии, јави Хина.
Според резултатите на Државната изборна комисија (ДИП), врз основа на 61,64 отсто од избирачките места, актуелниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ во вториот круг од изборите ги добил гласовите од 523.665 гласачи, а за Драган Приморац гласале 191.284 избирачи.
Денеска се одржа седница на Претседателството и Националниот одбор на ХДЗ, по што премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ даде изјава за медиумите.