Победата во вториот круг од претседателските избори ја гледа како признание за неговата досегашна работа, но смета дека е и порака до власта, рече вчеравечер во неговото обраќање хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, откако според резултатите беше очигледно дека убедливо го победи кандидатот на ХДЗ, Драган Приморац, освојувајќи повеќе од 74 отсто од гласовите.
На повеќе од 6.500 избирачки места во Хрватска денеска во 7 часот почна гласањето во вториот круг од претседателските избори на кои учествуваат досегашниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац, поддржан од владејачката ХДЗ, Татковинското движење и неколку помали партии, јави Хина.
Според првичните неофицијални резултати, Зоран Милановиќ освоил 71,02 отсто од гласовите на избирачите, додека неговиот противкандидат Драган Приморац освоил 28,98 отсто.
Драган Приморац, кандидатот на владејачката ХДЗ и нејзините коалициони партнери не му ја честиташе победата на неговиот противкандидат Зоран Милановиќ . Приморац поголемиот дел од времето го помина во загрепскиот хотел Вестин, заблагодарувајќи им се на оние кои гласаа за него, но и на оние кои не гласаа.