Верувам дека постојат два пола, машки и женски, ова е мое лично мислење, ова го налага биологијата, рече меѓу другото, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис . Верувам дека постојат два пола, машки и женски, ова е мое лично мислење, ова го налага биологијата, рече меѓу другото, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на панел-дискусија со поранешниот премиер на Италија Енрико Лета во организација на Грчко-американската трговска комора, јави дописничката на МИА од Атина.
Говорејќи за новиот американски претседател Доналд Трамп и односите на Грција со САД рече дека се одлични и дека „никогаш не биле подобри од последните пет години“, објаснувајќи дека двете земји имаат потпишано сеопфатен договор за безбедност и одбрана.