Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Неколку основни и средни училишта, како и градинки, во Бања Лука и други градови денеска добија пораки за поставени експлозивни направи, а полицијата е на терен и ги проверува дојавите.
Родителите на учениците биле известени децата да не одат во училиште во прва смена бидејќи полицијата врши противдиверзионен преглед, наведува РТРС.
Полициската управа Бања Лука соопшти дека утрово примила повеќе пријави за пристигнати пораки на електронските адреси на основни и средни училишта во Бања Лука, во кои се наведува дека се поставени експлозивни направи, пренесува РТРС.
„Полициските службеници постапуваат по пријавите во согласност со Упатството за постапување на припадниците на Министерството за внатрешни работи во случај на закана за поставена експлозивна направа или друг опасен предмет“, соопшти Полициската управа Бања Лука. Plusinfo
Дојави за поставени бомби добиле и училиштата во регионот на Добој и Зворник. Civilmedia
Дојави за поставени бомби добиле и училиштата во регионот на Добој и Зворник.
Полициската управа Бања Лука соопшти дека утрово примила повеќе пријави за пристигнати пораки на електронските адреси на основни и средни училишта во Бања Лука, во кои се наведува дека се поставени експлозивни направи – пренесува „РТРС“. Novamakedonija
Српскиот патријарх Порфириј ќе присуствува на свеченоста што по повод Свети Сава, националниот празник на српската заедница во С Македонија, ќе се одбележи на 27 јануари, в понеделник, во Македонскиот народен театар во Скопје.
Претседателот на народното собрание на Црна Гора, претседателот на народното собрание на Република Српска, личен пратеник на српскиот претседател и српските министри за дијаспора и култура ќе бидат гости на годинешната манифестација за одбележување на националниот празник на Србите, што ќе се одржи в понеделник во Македонскиот народен театар.
На денешното прво гласање во грчкиот Парламент за избор на претседател на Грција, ниту еден од четворицата кандидати не го доби потребното двотретинско мнозинство, односно најмалку 200 гласа од вкупно 300 пратеници, со што в петок ќе се одржи второто гласање, јави дописничката на МИА од Атина.
Претпладнево пратениците во грчкиот Парламент ќе гласаат за претседател на Грција, а првпат по над 30 години предложени се четворица кандидати, меѓутоа според калкулациите, не се очекува при денешното прво гласање да биде постигнато потребното двотретинско мнозинство, со што по пет дена ќе се одржи ново, второ гласање, јави дописничката на МИА од Атина.
Српскиот студент Вељко Вучетиќ денеска изјави дека толпата запрела автобус кој требало да оди на митинг на српскиот претседател Александар Вучиќ и СНС во Јагодина.
Во Јагодина вечерва се одржа митинг по повод основањето на Движењето за народот и државата, на кој српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е трогнат од бројот на луѓе кои се собрале да ја изразат својата желба да ја заштитат и зачуваат Србија, пренесува Анадолија.
Во Хрватска денеска започна најавениот бојкот на продавници, трговски синџири и бензински пумпи поради постојаното зголемување на цените.