Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
4
86.56
21.35
0.00/1.35
4.00
3.00
0.75
232.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 4
7 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 340.5
Best clustering variants
7 0.99/0.01 2 340.5
Civilmedia

Од јули 2019 година до пред десетина дена беше собраниски спикер, позиција на која три пати со широко мнозинство беше изгласан од пратениците, адвокат по професија и 25 години пратеник од Нова демократија, додека пак во однос на ставовите кон нашата земја, генерално, ставовите на идниот грчки претседател не се разликуваат од оние на актуелната Влада.

Како што анализираше МИА минатата седмица, Тасулас, согласно неговите јавни изјави изразени во изминатите години како претседател на Парламентот, ја поддржува европската перспектива и на регионот и на Северна Македонија, но и порачува дека е неопходно да се почитува Договорот од Преспа, додека пак на крајот на октомври 2022 година на маргините на Конференцијата на претседателите на Парламентите на земјите – членки на Советот на Европа, беше првиот претседател на грчкиот Парламент што се сретна со негов македонски колега и по средбата со тогашниот спикер на Собранието Талат Џафери порача дека парламентите со кои претседаваат „треба да го покажат патот за подобрување на односите меѓу двете земји“. Civilmedia