Знаеме дека СДС не можат да сфатат дека се во опозиција и дека уште долго ќе бидат таму, бидејќи граѓаните не им даваат поддршка за нивните политики, затоа што се лажни и лицемерни.
Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД, се сретнал со претставници на организацијата „Македонија 2025“.
Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил објави дека во Вашингтон остварил средби со Ендру Пејкоф, американски бизнисмен со македонско потекло, основач и претседател на Нијагара Ботлинг, со Џеси Спиро, главен директор во Тетер и одговорен за стратешките односи со владите во светот, како и со Дан Бонгино, еден од најблиските соработници на претседателот на САД Трамп и најпознат политички десничарски коментатор.
Патувањето на премиерот Мицкоски во САД требаше да биде дипломатска мисија од висок ранг, но се претвори во евтина ПР фарса на сметкa на граѓаните која не им носи ништо ниту на нив ниту на државата.