Во Атина, како што вчера објави МИА, инцидентите се префрлија во околните улици во поширокиот дел на центарот на градот, а од шок бомба повреден беше фоторепортер.
Од Асоцијацијата на фоторепортери на Грција (ЕФЕ) и од Асоцијацијата на странски дописници (ФПА) со соопштенија го осудија полициското насилство врз нивниот член Мариос Лолос, кој воедно е и поранешен претседател на ФПА. Libertas
Вчерашниот протест во Атина организиран од Здружението на роднините на жртвите „Темпи 2023“ под слоганот „Немам кислород“, беше еден од помасовните во изминатите години.
Поради изолираните инциденти што се случија вчера по масовните протести во Солун и Атина за железничката несреќа кај Темпи пред две години, приведени беа вкупно 35 лица, додека од Асоцијациите на фоторепортери и на странски дописници во Грција реагираа за полициското насилство врз фоторепортер, кој беше повреден до шок бомба, јави дописничката на МИА од Атина. Kanal5
Според грчката полиција, во Солун, група од колку 30 маскирани лица се одвоиле од демонстрантите и ги нападнале полицајците со предмети и молотови коктели, при што биле приведени 23 лица, додека во Атина, околу 50 лица, исто така се одвоиле и ја искористиле толпата за прикривање, напаѓајќи ја полицијата со предмети и молотови коктели и 12 лица биле приведени, еден уапсен, а четворица полицајци биле повредени.
Во Атина, како што вчера објави МИА, инцидентите се префрлија во околните улици во поширокиот дел на центарот на градот, а од шок бомба повреден беше фоторепортер. Biznisvesti