Вчерашниот протест во Атина организиран од Здружението на роднините на жртвите „Темпи 2023“ под слоганот „Немам кислород“, беше еден од помасовните во изминатите години.
Поради изолираните инциденти што се случија вчера по масовните протести во Солун и Атина за железничката несреќа кај Темпи пред две години, приведени беа вкупно 35 лица, додека од Асоцијациите на фоторепортери и на странски дописници во Грција реагираа за полициското насилство врз фоторепортер, кој беше повреден до шок бомба, јави дописничката на МИА од Атина. Kanal5
Во Атина, како што вчера објави МИА, инцидентите се префрлија во околните улици во поширокиот дел на центарот на градот, а од шок бомба повреден беше фоторепортер.
Од Асоцијацијата на фоторепортери на Грција (ЕФЕ) и од Асоцијацијата на странски дописници (ФПА) со соопштенија го осудија полициското насилство врз нивниот член Мариос Лолос, кој воедно е и поранешен претседател на ФПА. Sitel
Протести се одржаа речиси во сите градови во Грција, а по завршување на официјалниот дел, во Солун и во Атина имаше инциденти, откако помали групи ја нападнаа полицијата, која одговори со шок бомби и солзавец.
Во Атина, инцидентите се префрлија во околните улици во поширокиот дел на центарот на градот, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, од шок бомба повреден е фоторепортер. Novamakedonija
Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите во Солун и Атина.
Илјадници граѓани на сите возрасти, масовно протестираа во центарот на Атина поради железничката несреќа кај Темпи во февруари 2023 година, барајќи правда за 57-те жртви, откако во јавноста излегоа нови информации од истрагата на техничкиот советник, ангажиран од семејствата на загинатите, а по завршувањето имаше и инциденти, јави дописничката на МИА од Атина. Kanal5