Поради изолираните инциденти што се случија вчера по масовните протести во Солун и Атина за железничката несреќа кај Темпи пред две години, приведени беа вкупно 35 лица, додека од Асоцијациите на фоторепортери и на странски дописници во Грција реагираа за полициското насилство врз фоторепортер, кој беше повреден до шок бомба, јави дописничката на МИА од Атина.
„Немам кислород“ е слоганот под кој денеска, точно напладне во речиси сите помали и поголеми градови во цела Грција, но и во градови во странство ќе се одржат протести поради железничката несреќа кај Темпи на крајот на февруари 2023 година, откако во јавноста излегоа нови информации од истрагата на техничкиот советник, ангажиран од семејствата на загинатите, јави дописничката на МИА од Атина.
Илјадници граѓани протестираа денеска во центарот на Атина поради железничката несреќа кај Темпи во февруари 2023 година, барајќи правда за 57-те жртви, откако во јавноста излегоа нови информации од истрагата на техничкиот советник, ангажиран од семејствата на загинатите, јави МИА од Атина.