Трагедијата кај Темпи, е колективна повреда и исто така е повреда која, би рекол и мене ми тежи, бидејќи бев премиер кога се случи оваа трагедија, кога млади деца влегоа во возот и никогаш не стигнаа до нивната дестинација.
Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, одговарајќи на пратеничко прашање во Парламентот, претпладнево увери дека доколку од судството биде доставено официјално барање за вмешаност на политичко лице за железничката несреќа кај Темпи, „тогаш ниту владиното мнозинство, ниту Нова демократија нема да не ја олеснат работата на судството“, јави дописничката на МИА од Атина.