Со прикажување уплатница од една банка во Скопје адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се обидоа да му прикажат алиби на својот клиент за времето на убиството на Вања.
На денот на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, обвинетиот Љупчо Палевски тврди дека бил во експозитурата на Халк банка во Буњаковец.
Со изведување на докази од страна на одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои покрај Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, сведочеше сведок предложен од првообвинетиот Љупчо Палевски.