Со петнаесетминутно молчење и порака дека „солидарноста не познава граници“, студенти во Загреб, Сплит и Осиек денеска изразија солидарност и поддршка за своите колеги во Србија кои протестираат повеќе од два месеца по падот на бетонска настрешпница на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица. Libertas
Протестот заврши по 15 минути молк со порака „еден свет, една борба“ и долг аплауз.
Во изјава за новинарите по молкот на протестот, студентот на Факултетот за политички науки Домагој Фук рече дека нивната главна порака е дека солидарноста не познава граници и им се заблагодари на студентите и граѓаните кои „масовно“ се солидаризираа со нивните колеги во Србија. Kanal5